ден-денес (прил.)
Мнозина од вас знаат дека нема метро со кое да се измери височината на татковската гордост од првороденецот која расте и ден-денес барабар со нашата загриженост за економската криза и општите состојби.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пиевме вино, и се опивме, и јас и до ден-денес не знам како стигнавме дома и каде останаа девојчињата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А од нивната касарна, таму најгоре на Чауле, како сведоштво за немоќта на војската да се одбрани од ајдутските напади, и ден-денеска се расфрлаат камења и старовремски ќерамиди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Таа е моја крв и мене до ден-денес никој не смее накриво да ме погледне или не дај боже, да ми застане на пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Им понудил да работат кај него како добро платени проститутки; тие одбиле; тој се заканил дека ќе ги убие, и две ноќи ги држел заклучени во неговата куќа; дошла полиција и ги ослободила, но пукнал срамот, нивните имиња и фотографии се нашле во весниците и тие веќе не се вратиле во родниот град; дури, и ден-денес не знаат дали мајка им е уште жива.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие места, тие видливи шевови на текстот, најдобро го откриваат духот на времето во кое живееме; на тие места напишав нешто од гнев, од јарост, а не мислев така; и ден-денес не мислам така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За жал, до ден-денес, отпремнината сѐ уште не е исплатена и покрај обврската да се исплати пред работниците да аплицираат за паричен надоместок по основ на привремена невработеност во АВРМ – Центар за вработување Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И ден-денес не сум сигурен дали Луција имаше право; она во што сум сигурен е дека, под други околности (доколку таа не беше член на Партијата, на пример), јас полесно ќе се согласев со тезите за здрава и нова народна уметност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Впрочем, тој брак беше сосема логичен и очекуван, но јас и ден-денес не можам да се ослободам од чувството дека во тој брак влеговме, и јас и Земанек, само за да немаме грижа на совест по однос на Јан.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, за жал, до ден-денес овие нивни побарувања (платите и придонесите) се неисплатени. Тие досега не побараа присилна наплата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А само тие знаат колку бргу застаруваат еполетите, како се сушат воздишките и папсуваат погледите, а богами и зошто есента трае до ден-денес
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И ден-денес мислам дека и партијата на Луција многу личеше на еден таков обред, и јас дури подоцна, размислувајќи за тоа, сфатив зошто толку многу Луција инсистираше крајот на приредбата да биде токму тој обред, а не некоја џез или балетска точка, на пример.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас и ден-денес мислам дека за сѐ што се случи и што не се случи меѓу мене и Луција сум виновен, во добар дел и јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За да остават спомен за тој важен и радосен момент, го посадиле ова дрво, кое и до ден-денес, еве, сѐ уште живее. . .
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Многу практични потреби им разрешуваше на жителите на Потковицата, многу тајновити нешта, многу легенди, многу остатоци од цивилизациите и војните што поминале тука се заплатиле во неа па и ден-денеска се во жив натпревар со времето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зошто ние учевме грчки ниту до ден-денес не ми е јасно!?
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)