дере (несв.)

Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но кожарот Аврам Сујак ги маваше со стап или со клоци и им помагаше на војниците во дерењето за да си ја земе кожата а и за да внимава да не се оштети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги запнуваат овците на ченгели по дрвјата и ги дерат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тоа Арслана уште повеќе го раздразни и почна да се дере на него и да мава со камшикот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако не ги разбирав што зборуваат, сѐ ми стана јасно дури откако видов дека двајца мажи во моја близина ја дерат кожата од мртвиот алигатор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Му засечува една нога па му ја надува кожата кај засеченото. За да се дере полесно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе почна и со прст да нѐ покажува, направо да ни се дере.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А таа откако се сети оти пак ќе треба долни крај да „дере јарци“ само на тоа мислеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама јас го гледав в очи и во себе го собирав плачот и болката и инаетот и чувствував како прачката ми ја дере кожата од дланките...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Викаме така, се дереме ко померени и кроиме планови како да му се кажеме: да ни се даде пат за Југославија. Виза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој „човек" на којшто не требаше „да му се дери кожата“ ѝ беше поблизок од татко ѝ и таа се стави во негова одбрана против родениот татко како пред неколку дена против мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Типот во бордо костум почна да ѝ се дере на Александра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да може сега да влезе во собата, па и нека се лути што без прашање седам тука, сеедно, и нека ми се дере, и нека ми се заканува, сѐ ќе издржам само да е овде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секогаш ми горчеа и сирупите и капсулите што моите деца ги голтаа на сила, а мене ми го дереа грлото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бегот те дере со десеток и со други давачки, па полјакот, па заптии...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Прво зборуваа воздржано за премиерата, небаре од гледиште на гледалиштето; потоа поминаа на пофалби за работата на режисерот како негово дебѝ, па на комплименти и признанија за улогите на колегите во одделните сцени, за на крај да завршат со бесрамно откриени самопофалби што кулминираа повеќе со дерење одошто со пеење, поправо со разногласје колку грло ги држи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па и тоа да бевме, пак ќе знаевме чиј сме, ќе си го знаевме стопанот, му велам, се дерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прво го гледаш како се тркала во водата како морско прасе, потоа го гледаш низ нишанот на пушката од хеликоптерот, потоа беше целиот издупчен и морето околу него поцрвене и тој потона ненадејно како низ дупките да се наполнил со вода; Публиката се дереше од смеење кога потона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И со лице искривено од нервен пристап Арсо се стрчува кон дупката, дерејќи се вон себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе