деструкција (ж.)
Мојата темелна деструкција ревносно пелтечи низ монотонијата на избезумените интриги.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е единствениот обид на сериозно сидрење на визуелните уметности во технологијата и психодинамиката на стварното и виртуелно исчезнување, една од ретките културни пракси која се обидува да го исправи општото отсуство од дискусии за деструкцијата во општеството.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Колективниот комплот и побуната на селаните против Симона доаѓа од сферата на најниските побуди, во голема мера е лишена од смисла и метафорично е претставена како деструкција по себе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Задоволство во кое најверојатно ја докажувам моќта за деструкција, зошто сѐ што сакав се распаѓаше во допир со стварноста и неминовно почнав да верувам во подносливоста на репресијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Таквото дело, во стварното тело на уметничката, заоѓа во имагинарната неутралност помеѓу субјектот и објектот во која го става гласот на преживеаниот којшто ја претставува болката на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Организираното истражување, создавање и испитување на можностите и дометите на оваа своевидна деструкција на традиционалната линеарна литература во пракса е започнато на Браун универзитетот, а напоредно се прошири и на голем број универзитети во светот, во рамките на наставата за книжевност и креативно пишување.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Длабоко понирање до дното на душата, инсинуации, неброени часови на контемплација кои не се ништо друго освен деструкција на сопствените чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Деструкциската уметност им се обраќа на феноменологијата и епистемилогијата на деструкцијата и мора да биде карактеризирана како широк cross- културен одговор повеќе отколку како историско движење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Моите сопствени истражувања на деструкцијата во голема мера ги потврдуваат согледувањата на Лифтон и Бетелхајм.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Деструкциската уметност комуницира такво визуелно знаење што може да ја оживее материјалноста на животот од насилната, дисконтинуирана деструкција која го загрозува опстанокот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Затоа, ако организаторите на Interpol сакале дијалог во форма на изложба, не треба да бидат премногу изненадени кога некои уметници ги користат насилството и деструкцијата како своја форма на комуникација!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ова, заедно со разорниот репертоар, допуштениот или компулзивниот, служи да го одвои човекот од сопствената деструкција.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)