детергент м.

детергент (м.)

Си мислев, јас се убивам од работа цела ноќ и рацете ми набабруваат од водата и детергентот, за скапани седумстотини денари, а тој со другарите во рок од еден час испи дупло од таа сума.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По оваа песна која што знаат да ја свират и потпросечните ученици во Средно музичко се крсти и најпознатиот македонски детергент.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Додека се сушат испраните мозоци спрострени под светло на мониторите, колпортерите разнесуваат утрешни детергенти за денешните флеки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Не е важно колку читаш туку што читаш. Може да завршиш и 3 факултета, но пасивизираноста на студентите покажува дека факултетите се само добро разработени детергенти кои тенденциозно ви ги потплакнуваат умовите и ви ги држат под контрола со што станувате послушници на системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Така, неодамна, во некоја емисија, обични луѓе, натпреварувачи, плачат над супермаркет количката натоварена со дебели мисирчиња, џиновски кутии детергент, плачат како да ги погодила некаква невидлива природна катастрофа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)