детонација (ж.)
Дали е многу уплашена или е ошумоглавена од детонациите?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали од големите детонации се потплашени сите гадурии?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си ги слушаме само чекорите, како далечни детонации.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од пукотите, од детонацијата, почнаа да му се јавуваат пукнатини на куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А во земјата која ја претставував се најавуваа првите татнежи на подземните експлозии, првите националистички детонации, на поголемите нации, кои само за неколку години ќе ја предизвикаат конечната експлозија, распадот на државата, чија последна жртвена патрола бевме нејзините дипломати.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Наеднаш една страшна детонација го процепи воздухот и истиот момент избувна пожар во отоманската банка.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)