дејгиди (изв.)
Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Еј гиди времиња! Главната туристичка дестинација тогаш беше нашиот јужен сосед.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Дејгиди горо зелена! Дејгиди водо студена!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
18. ЈА ВРЗАВМЕ РАБОТАТА СО БУБАЌЕРЕН КОНЕЦ - дејгиди лесен товар со прспите носен, овдека ти се дава да смислуваш што не додека и бубаќот не го изусукаш сосем...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Првин кој што љуби грев не чини и дејгиди луди млади години, а потем црни горо, црни сестро.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
24. МАЧКА СО ЅВОНЕЦ НЕ ФАЌА ГЛУШЕЦ - а некои со тапан по зајак јурат, овој, пак, нели и брзоног и ушест, свирката ја слуша, ситно оро игра, дејгиди ура, ура!... реката песок носела морето да го полни!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
— Дегиди, мајке Дебранке, ајде, Каурска пушка не пукат, мајке, Каурска пушка не дупит, Каурска сабја не сечит.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)