дејство (ср.)
Со исчезнувањето на дејството дрогата може да предизвика лоши соништа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Времетраење на дејството: неколку часа, во зависност од дозата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Времетраење на дејството: од четири до девет часа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во таа смисла описите на овие состојби под дејство на хашиш од страна на двајца познати француски поети се многу илустративни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Човек преку практичното дејство врз природата ја откриваше оваа за себе и во себе, своите мисли и своето познавање на природата како реализација на самиот себеси во неа.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Постои мит дека сокот од портокали го неутрализира дејството на ЛСД. Не е точно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се радував зошто не беше способен да ме малтретира, сѐ уште снагата забрзано му трепереше од дејството на правот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Иако уште во раниот период кај Ворхол има обиди за сензационални сижеа, неговиот интерес во звучниот период се поместува од дејството на јунакот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Успешно дејство со кратки рафали до 200 метри, а со долги до 100 метри.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но се разбира оваа пропорција претпоставува силна институција, со цврсти внатрешни канони на почит на автономните дејства на дипломатската мисија, каде што политичките упливи на извршната власт се строго нормирани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Решението со кое овој предлог се усвојуваше имаше дејство на извршно решение!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нека те опседнуваат определени емотивни состојби, особено кога се во полето на преминот, а не ликовите - карактери со предвидлив радиус на дејство.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Смирувачкото дејство на танинот почна да ѝ го опушта телото и духот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Залагањето за легализација како да ги меша последиците на криминализацијата со последиците на општествените проблеми, или подобро кажано, взаемното дејство на криминализацијата и спречувањето или исклучувањето од општеството.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Така урината на оние кои беа под влијание на печурката е многу барана и се пие со уживање, бидејќи содржи доволна количина дрога за да предизвика исто дејство.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со нејзиното дејство се менува односот меѓу егото и општествените идеали.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)