дивјаштво (ср.)
Слободата е привид и лажлива курва а светот на модерно дивјаштво личи камшикот денес е софистициран со робовладетели ко ѕверови слични
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Зборувам за дивјаштвото на армијата, за српските и црногорски доброволци кои го пљачкаат Дубровник, за колективната параноја, за лагите, за срушените хрватски градови , за убиените деца, за запалените села, за масакрите, за бегалците, за пијанството, за лудилото, за култот на ножот...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И почнува ритуалот на дивјаштвото... Потоа тишина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)