дигитрон (м.)
И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Да не сакаш дигитрон за олку проста работа!?“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Дигитрончето вели дека по две години први септември ќе си падне в недела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)