дигне (св.)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Словенска антитеза
Дали ветер се дигна над морето под небото
дали птиците се вратија и топлите времиња
дали јазикот се поднови и смислата
или миговните богови збор зедоа и загинаа
та преметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината ги размножија
и душата ми ја изнесоа на отворено
како разговор во акропол
да не смее да биде сама
а да сака?!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За да се дигне револуција во полза на сите народности во Македонија, треба комитетот да биде образуван од претставници на сите македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потоа ја дигна слушалката стискајќи го со танките прсти наострениот молив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Востанието се дигна и нѐ разори и нас и турската држава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шумот од организационото движење отпрвин се дигна во самата Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Меѓутоа, денес, кога во цела Македонија народот се разбунтувал и дигнал востание... кога Македонците се борат за правда и слобода, тие господа немаат кураж да го изјават пред еден граѓански суд она за кое народот се бори со оружје в рака.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
И Грците и Болгарите дигнаа рака против царштината и што добија? Меѓусебна омраза и туѓи цареви.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако не наведнеш става каменот не ќе го дигнеш, ако не тргнеш напред никаде нема да стигнеш.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Македонија како библиска земја беше седиште на разноразни чујни и нечујни матновидци кои ги исцелуваа напатените и очајни транзициони страдалници со телесни и душевни болештини за кои и медицината дигнала раце.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И пак ги затвори очите да собере уште малку сили за да може да проговори или и да се дигне од местото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ни ветер се дигна над морето под небото
ни птиците се вратија, ни топлите времиња
ни јазикот се поднови, ни смислата
ни миговните богови збор зедоа ни загинаа
- предметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината да ги размножат
и душата да ми ја изнесат на видело
како разговор во акропол
та да не смее да биде сама
а да сака,
Но
мислата ми се воздигна
кога Го видов!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Речиси немаше час да не го дигне од местото, да не го распрашува, да го тормози на секаков начин.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се дигнавме и појдовме по плоштадот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој ја дигна, чашата и го испи оловото и со него сето она што беше шарено и нејасно.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Офицерот потоа го дигна прстот и продолжи да чита со раздразнетост во која Глигор виде радост на победник.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Млад офицер се дигна од своето место и почна да чита со јасен глас. Салата се умртви.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)