диоптер (м.)
Колкав диоптер од очила треба да стават, да видат кои се?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но, веќе беше со подбелена коса и носеше наочари со доста голем диоптер.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Требаше уште многу, многу да чита, а за тоа сигурно немаше време, за да го достигне диоптерот на Татковите очила.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се служеше со висок диоптер на стаклата од очилата, а на моменти, кога ќе наидеше на најситен слог, а тоа се случуваше често во едвај разбирливите сиџили, кадиските записи, мораше да се служи со лупа, но и од неа немаше големо фајде.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ја погледна кутијата со лупи и не можеше да разбере што се случило во Париз, макар што претпоставуваше дека Камилски ги потрошил парите за операцијата за купените три сандаци книги, а со лупите од различен, прогресивно посилен диоптер, мислел да ги чита книгите, како што ќе му се намалува видот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И огромен куп очила: со метални, коскени рамки, цвикери, монокли, понекој бинокл, различни диоптри.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Имаше дури и една архивска лупа што ја носеше дома и ја враќаше, но и нејзиниот диоптер стануваше недоволен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Таа го беше достигнала, со упорното читање, последниот Татков диоптер пред да почине и сега се служеше со неговите очила, со стакла со неизбришани траги од исушени солзи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)