диоптрија (ж.)
И гледајте, но не низ диоптријата на еден илузивен ум, погледнете подлабоко, поминете низ темниот тунел и во првиот зрак светлина пронајдете ја својата духовност, а фацијалниот израз е безначаен, минорен, обезбоен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не носеа розова диоптрија, за нив сѐ беше розово.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Татковите диоптрии на очилата ѝ беа непогодни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)