дипла (ж.)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Цело поле е некако пристемнето, омарничаво, и сѐ некои дипли, дипли запурнина се наднесуваат над тебе и те притискаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нѐ освести зората, нестрплива и гласна (сигурно и таа изгубила нерви) те фати под рака и одлучно те поведе оставајќи ми ги истутканите дипли на улицата, тешки, наводенети од вчерашното водопролитие. Таа знаеше што прави со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Жари пламенот, ги подлижува и ги прегрнува цепениците, разнишано се извишува нагоре, се напластува дипла врз дипла, за миг се смалува и со поголема сила наеднаш расте и пругоре исфрлува роеви искри.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Попушти конецот по рабовите и таа не се обиде да ги презашие, туку ги испра, ги исуши и свиткувајќи ги во неколку дипли, ги стави најдолу во големиот сандук.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Момиченце нељубено, ќе исткаеш јамболија - јамболија со три дипли - за постилач, за покривач - за легање, за љубење...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)