дискретен прид.

дискретен (прид.)

кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Имаше мал дискретен сјај на усните и изгледаше прекрасно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Секоја вечер под дискретната светлина на електричните фенери сѐ поубаво се гледа дека луѓето сѐ помалку гледаат слики и фрески, а сѐ повеќе висат пред огледала, поради што сѐ повеќе и расте бројот на огледалата во Венеција, барабар со бројот на самобендисаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повремено фрлаше куси, дискретни погледи кон авторот кој знаеше дека овој се труди да види кој е натрапникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Притрчаа неговите бодигарди, дискретните чувари на редот и изненадувањата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За оваа Таткова потрага и замисла, која логично можеше да се сети и за метафизичка илузија, Климент Камилски покажуваше големо разбирање уште од почетокот, за на крајот да стане и нејзин дискретен поборник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бланш не беше ја видела Рози уште пред да се омажи, но беше доволно дискретна да не зборува за нејзината мажачка, не во присуство на Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа е веќе три години во Македонија, работи во Светската банка и тука е со маж ѝ, еден дискретен човек, Французин по потекло од Мартиник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со многу дискретен, префинет но одлучен манир им пријде на дамите, им пружи рака да им помогне да станат, да се исправат, отрча до кај бакалот и донесе две чаши вода и шеќерче да се смират.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Изабел на себе имаше црвени панталони и убава свилена кошула, накит ни многу ни малку, само тенко златно ланче околу вратот, а шминката ѝ беше многу дискретна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но секој ќе си остане дискретен за десет посто од информациите за својата земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше зрело, вдлабено да се толкува татковата дискретна и скептична мисла дека не беше време за враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше тоа крајот на медитеранското лето во Струга, но еден нов почеток на едно пријателство кое подоцна ќе се влее со својата дискретна и ненаметлива присутност и во моите дипломатски години, во заедничката потрага по убавината и толерантноста на човекот кога страда, кога трага во неговата поширока смисла и хармонија во потрага по заедничкиот излез ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дебелото стакло на очилата, дискретниот лосион за бричење, безличната насмевка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Беше строг, крајно дискретен, конспиративен, педантен, секој збор му беше одмерен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Човекот во сина облека им фрли еден дискретен и испитувачки поглед.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Негувана кожа, дискретен фри шоп мирис. Полн пансион. Плукни залепи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе