диференцијал (м.)
Диференцијалот сам на себеси си го спуштил врз нозете.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо е преплашен не толку дека со паѓањето диференцијалот ќе се оштети туку дека ќе падне на стапалата од нозете, ќе му ги здроби.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На истото место и исто онака со диференцијалот на којшто работеше дента кога ја здогледа Германија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо сепак го пушта диференцијалот на земја оставајќи ѝ ја сета тежина на Германија и тамам сака да пречекори да го подземе куферчето од раката на човекот во костум, увидува дека не може ни да мрдне од место.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога ќе помисли да се помести за да се пресегне по куферчето, диференцијалот е на ѕидот, но кога ќе посака да направи чекор за да се пресегне, фатен е од тежината на диференцијалот што сега секој миг може да падне и да ја осакати Германија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Најчудно е тоа што таму на ѕидот, на некоја од полиците што ги има и ги нема, стои диференцијалот што Едо и Германија сакаат да го поткренат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Полиците се толку високи што, си помислува Едо, во секоја од нив собираа по цел диференцијал.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо, меѓувремено,неколку пати погледна во полиците преку целиот челен ѕид со трите диференцијали некаде во средината и при секое сеќавање со глетката му се чинеше дека во тој миг ќе се сети на што таа глетка го потсетува, но не му успеваше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„До што има расипан диференцијал во Онтарио, кај мене го носат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)