дијаграм (м.)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Движењето на армиите беше дијаграм: една црна стрела, што паѓа вертикално кон југ, и една бела стрела, што се издига хоризонтално кон исток, преку опашката на првата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овие дела: дијаграми не од акции туку идеи, беа нуспродукти од Бојсовите маратонски јавни предавања од седумдесеттите, во кои се обиде да вклучи широка публика во неговата шема за опфаќање на сите аспекти на човековата креативност во „социјален организам како уметничко дело”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Видови графичко изразување Постојат листи (уредени низи редови, од коишто секој претставува семантичка единица; на пр. колекционерски каталози или ресторански мении), матрици (табела редови и колони со јазички, нумерички и други информации, што можат да се прегледуваат вертикално или хоризонтално), нелинеарно гледање (типографија карактеристична за новинските огласи), линеарно разгранување (дијаграми во форма на стебло) итн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не е полезно во овој миг нивните одлики да амалгамираат во некаков прост, непрецизен дијаграм, во неколку општи вистини, во универзална културна граматика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)