дневник м.

дневник (м.)

Сигурно го пишува својот дневник...“ си мислеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше апсурдно, зашто испишувањето на тие зборови не беше поопасно од самиот чин на пишувањето на дневникот; но за миг беше речиси готов да ги откине упропастените страници и сосем да се откаже од проектот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наоѓаше пред старинарницата во која го купи својот дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Елена беше изненадена од некои свои дотогаш непознати размислувања и чувства, па од страв да не ги заборави, да не ги изгуби почна да си ги запишува во својот дневник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Елена ги виде уште кога дојдоа, но се пикна во плевната, ја затвори вратата, легна врз сеното и го зеде дневникот в раце. Беше лута и навредена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како Историјата да е споменарник или момински дневник.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така пишуваше во дневникот, со нејасни букви, зборови... сплетки на моето и твоето минато, од сопствените патешествија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Забележав како режисерот пишува нешто во својот дневник.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тие денови не го ни допре дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега му стана јасно, дека токму поради тој друг инцидент реши денес ненадејно да дојде дома и да го почне дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа го отвори дневникот и часот почна како ништо да не се беше случило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дневникот ретко го раскрилуваше во доцните часови на ноќта, ама една тетратка постојано имаше под мишка било каде да тргнеше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го стави дневникот во фиоката. Беше сосем бескорисно да помислува да го скрие, но може барем да знае дали неговото постоење е откриено или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја зеде повторно перодршката, прашувајќи се полурешително дали би можел да најде уште нешто да запише во својот дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам впечаток дека го отворил дневникот и врши преглед на сработените задачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби морбидните филмови од типот на „Дневникот на еден трујач“ беа тие кои ја разводнуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Уличката водеше до главната улица, а долу кај следниот свијок, ни пет минути од тука, се наоѓаше старинарницата во која ја купи празната тетратка што сега беше негов дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што имаше намера да го стори сега, беше да почне да води дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овие два смели потфата, дневникот и каталогот, тој ретроспективно го следи својот уметнички развој, досегнувајќи до самите корени на сопствената креативност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе