добере (св.)
Се џарам вака преку луѓето, барам место и јас некаде да се доберам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Останал без земја и решил на ваков чекор, за да се добере до малку пари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука е и она од Шарковци што не пушташе ни волк, ни лисица да се добере до селото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А се добереа партизаните до него, парче правеа низ непријателските редови.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
А нема до кого да се добереме, кој да нѐ чуе, да нѐ земе под крило.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Полека, внимавајќи да не шушка со лисјата, Цепенко зачекори низ царевката и се добра до големиот густеж од капини испречен на самата меѓа - меѓу нивата и патот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Најпосле навалицата ги протуркува низ вратата, раката на мајка ѝ го пушта нејзиното раче оти треба да се отклони малце и ене ја купува еден заграб свеќи и успева да се добере до нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Успеа да се добере во коренот на тоа дрво; а ноќта околу не беше воопшто некаква темнинка, што се прикрадува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Туку ќе ми се добере некој и ќе ми додаде: дали лимон, дали портокал, дали јаболко.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури и го виде како се добра до неговото стебло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури откако војската се оправи со нови униформи, Баге се добра до чизми со изедени потпетици, виндјакна со десетина џебови со бриџ - панталони што се клаваа на сарите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Џбонаше низ темничината, сѐ додека не се добра до креветот и не седна тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Низ неговите текстови и тв прилози провејуваше проверен лајт мотив – оваа власт е лоша, ама ако случајно до парче власт се доберат овие од опозицијата, ќе биде бетер.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Добери се под капавица и ќе чуеш: погоре, погоре, не толку горе, слези малку подолу, не оди лево, е, тука, тука, тука, не, бре, само тука, кај отиде сега со раката, појди малку кон средина, е тука, тука, тука, ај сега малку кон десно, да не те заболе раката, ај добро, почини!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да можеа да се доберат до него во таа долга ноќ, ќе го дереа и ќе му ги корнеа ноктите, ќе го наденуваа на зашилено јасеново стебло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некојси Сулејман им се обрнуваше со восторжени зборови: “... - Напред по тој страшен, но славен пат по кој сите народи се добрале до слободата...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше тоа еден заеднички поглед на човек до кого не сакаше да се добереш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го водеше сѐ додека не се добраа до неговата порта.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Како успеа да се добереш до сето ова?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)