добиток (м.)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сите овие деца пасат туѓ добиток само за да спечалат нешто.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И уште ми кажува дека треба да извршиме попис на луѓе и на добиток, на живо и на мртво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Квечерината предводникот даде наредба да се потера товарениот добиток.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А идат и некои добици за кои не се сеќавам да сум ги спрегал, да сум ги товарел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дури кај одмаралиштето таа повторно се свртува кон мене за да ми објаснела дека за жал добитоткот, за разлика од луѓето, побавно ги сфаќал нагледните примери.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Изнемоштените ги пуштаме напред да го тераат добитокот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сигурно беше некој хангар за добиток пред транспорт.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Врз ноздрите на добитокот тромаво паѓаа први мушички.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Инаку и тој, и добитокот и кучињата би се чувствувале како заробеници на ова за очи чудесно убаво, неописливо убаво бело зло.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Старецот молкнал. Според негова сметка средноќта веќе се наближувала кога, со оние што биле будни, слушнал дека роговите на ненадејно исплашениот добиток со тап звук се удираат во мракот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби имаше и некое ново јагне, но реши тоа да го установи напладне, кога ќе го пушти добитокот да пие вода.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во училишниот двор панично врескаше собраниот добиток.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Качи го на магаре и добитокот го носи од дома, добитокот го враќа дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги пуштиле добиците да грепкаат, да поштат прегорена трева покрај реката и се заиграле...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)