довери св.
доверител м.

довери (св.)

Мајка тврдеше дека Татко ѝ се доверувал дека цел живот во библиотеката, трагал по магичниот редослед на читањето кој ги покажувал среќните излези за семејството, одговорите на големите прашања на егзистенцијата, во кои било вклучено и прашањето на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу подобро ќе биде да им се довериме на најзаинтересираните држави за нашите работи, особено на православна Русија, којашто ги знае убаво нашите потреби, а не да се надеваме на самите себе и на некои конференции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како момчиња си ги доверуваа своите први љубови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ете каква услуга ние ѝ направивме на Турција со нашето недоверување кон австро-рускиот проект од реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа еден на друг не си го доверија, но веруваа дека Французите, сега кога се толку блиску до своите домови, сепак ќе ги пуштат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таков оддив може да донесе само доверувањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не можеш две-три кози да им довериш на чување, а камоли држава!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеше во тие мигови да му ја довери нацијата на својот духовен брат Месади. Не можеше да замисли друг!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Една толку чувствителна работа никогаш не би му била доверена само на еден човек; од друга страна, да ѝ се довери на некоја комисија, би значело отворено да се признае дека се случува чин на фабрикување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се соочував со сложеното палестинско прашање, како предизвик во животот и функцијата која ми беше доверена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Приказната почнува во еден убав мајски ден, кога постарата, малку необична, мистериозна Г-ѓа Морисон во еден парк ќе го запознае младиот Г-н Стјуарт кој ќе ѝ се довери и пожали дека неговата љубена наместо да се омажи за него, сака да прави кариера на оперска певица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И така Доста ѝ се довери на Митра и ѝ се предаде повеќе од на сестра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Скршени од болка и од заемот што го зеле од комшиите за закопот, одвај чекаат да се доверат на првиот близок до нив во редот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
(Откако ќе се обѕрне околу себе, со шепот.) Сигурно знам дека оваа акција му е доверена како последна шанса да се искупи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Големата кукла не ѝ се довери на малата, за тоа колку многу ѝ завидува.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но и тој им се доверуваше на своите двајца пријатели дека на крајот на краиштата не би можел да гарантира каков ќе биде во играта и во однесувањето газдата на арабаџиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Кога ќе се разбудам попладне, прва задача ми е да проверам дали е дома велосипедот, постојано стравувам дека негде патем можеби случајно настрадал – ми ги доверуваше Господ мачнотиите на својата живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе