довлече (св.)
Но ние среќно се довлековме до бавчите крај училиштето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Истанбулската вода не е питка а оваа што се продава, во чашки или во шишиња, по рестораните, се довлекува од други места и со нејзината продажба многу луѓе печалат убава пара.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кројачите одбиваа да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските, географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно на митинг да се откаже од мене.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ја довлече на суво. Со раце копа во песокот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред прикаската, вмугри, го довлекле гладен и исцрпен и, сожалувајќи го стар и нагрнат со безбојна черга, му дале да јаде и му дале ракија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Малечко беше клопчето и конецот го довлековме до тука, а пред нас кој знае колку долг пат се влече, по какви долови и ридови, по какви шуми и трапишта...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Долу, го дочекаа стивнувањето на гласовите и го довлекоа гробот до реката, која блескаше покрај.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кога трговците ја довлекоа до мене празната кола на две тркала, оној што беше спрегнат во левиот дел на јаремот, ми се претстави: - Јас сум Пишпирик, трговец на мало и големо.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кога се довлече до кафеаната, трепереше како пијан.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ја довлече левата рака до слабината на противникот и го стегна. Почувствува олабавеност.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога десната рака ја довлекува земјата, тој се свртува на левото рамо, потоа - на десното.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кројачите одбиваат да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно, на митинг, да се откаже од мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие не го жалеа штукавичавиот, тоа ситно зрно просо што го довлекле ноќните вирови под тежок воденички камен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сигурно е тешко довлекувањето материјал до таму горе, си велев, ама по сѐ изгледа тој се нафаќа и на друга работа долу во Црноеч, знаејќи дека оваа не му бега.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ги нападиле оние на кои коренот им е овде, нѐ довлекоа нас да ја ораме и да ѝ ги користиме плодовите на земјата, ама ние заборавивме да се грижиме за нивните мртви и убавите мермерни гробови сега се обраснати со тревишта грмушки и капини.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)