догматизам (м.)
Ако хомофобијата понекогаш дејствува не толку да ги угнетува хомосексуалците колку што да го варди однесувањето на хетеросексуалците и да ги тера еден со друг строго да се држат во согласност со наложеното од соодветните полови и родови улоги, од страв да не заличат настрани, можеби една од општествените функции на трансфобијата е да го варди однесувањето на лезбејките и на геј- мажите и преку терор да ги натера да му се потчинат на родовиот стил што се смета за соодветен за нивните полови.
А, се разбира, има и многу други лоши причини, покрај трансфобијата, геј- мажите денес без многу мислење да го отфрлат аргументот на Фелоус: сексизмот, мизогинијата, женственофобијата и/или некоја готовност ним да им се угодува; мачоизмот, снобизмот, срамот, одрекувањето, рефлексниот антиесенцијализам и најразличните други облици на постоунволскиот геј- ослободителен догматизам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)