дозволен (прид.)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Погледот никаде не стасува подалеку од стрмните ридови, а дозволениот простор за движење го обележуваат сенките на боровите и бреговите на двете рекички.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За неолиобералниот пазар дозволено е сѐ што носи профит. Корупцијата, дрогата и за тоа што државата не наплатува данок.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во Виенската болница некои од хирурзите дел од своето работно време минувале правејќи ја таа од законот забранета, а сепак за некои луѓе дозволена дејност – таму абортирале ќерките и метресите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Натпреварот, како што гледате, продолжува, опуштањето и млитавоста се дозволени при вакво водство, а сетики не се земаат за големо зло и честите буричкања по сеќавањето како минатото да е сегашност и како спомените да се за најаска, а нам на Македонците, најголема најаска уште ни е меѓусебната пизма и само таа нѐ надживува сите нас.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Забрането е да расте сончоглед на полињата (дозволено е само негово грицкање) Во спортските сали се емитуваат репризи од документарци за здрав живот
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Значи, пижами во спална се строго забранети и позади таа врата е дозволена само ноќница, и тоа кратка, многу кратка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нека ми биде дозволена од читателот оваа нужна дигресија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Судот е должен во споровите во кои е дозволена медијација, заедно со поканата за подготвителното рочиште да достави до странките писмено укажување дека спорот може да се реши во постапка за медијација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според муслиманската вера арам е сѐ што е забрането, спротивно од алал, што значи на арапски сѐ што е дозволено.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Против ова решение не е дозволена жалба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Промискуитетот минуваше неказнето, разводот беше дозволен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова ме наведува да се прашам што би напишале луѓето кои ги користат и чувствата и мислата истовремено, ако за тоа имаат можности на билетите или на некоја дозволена површина за пишување после гледањето на претставата продуцирана од наша театарска куќа, а во која токму во Годината на македонскиот јазик, се зборува на англиски?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Значи, во мојата куќа влегувањето не е дозволено.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ама, кога не знаеш, сѐ е дозволено...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Укинување на забраната за користење дрога не би претставувало скок во непознато. Соединетите Држави имаат долгогодишно искуство со прописите во врска со алкохолот и тутунот, додека уживањето на кокаинот, марихуаната и опиумот било дозволено подолго од еден век.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дури и повеќе, уживањето на дрога претставува реакција на многу фактори, исто како што е тоа случај со алкохолот и тутунот, чија потрошувачка опаѓа без оглед на тоа што двата производа се евтини и дозволени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)