дозволи (св.)

Јас од моја страна ќе си дозволам со чистосрдечна жал да видам во сегашното движење полно фијаско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
6) Напишете дијалог во кој двете личности имаат некоја тајна. Не откривајте ја тајната, дозволете читателот да ја насети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Времето му дозволи да се преиспита и самиот себеси и да си побара одговори на некои загадочни прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го беа избањале и му дозволуваа да се мие релативно често во еден тенекиен леѓен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По доставувањето на тужбата до тужениот, за преиначување на тужбата е потребна согласност од тужениот, но и кога тужениот се противи судот може да дозволи преиначување ако смета дека тоа би било целесообразно за конечно решавање на односите меѓу странките...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Им се дозволувало и ним да влезат во редовите на Организацијата откако претходно ќе дадат заклетва, но никој од нив не сакал да положи заклетва.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со својата солидна плата можеше да си дозволи и поголемо финансиско опуштање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Признај, зарем не ми порача дека љубовта е прекрасен оглав кој колку и да нѐ стега со задоволство дозволуваме да нѐ води?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На творецот не му е дозволено да суди за неговото сопствено дело.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но оваа година ни покажа оти историските околности никојпат не ќе дозволат да се соедини цела Македонија со Бугарија; сега за Македонците и Бугарите останува едно од двете: или делење на Македонија меѓу балканските државички и со тоа загубување на 2/3 од Македонија за Бугарите и Македонците, или полно пресечување на врските со Бугарите и поставување на македонското прашање врз наполно неутрална, чисто македонска основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не дозволи никој повеќе да го вика со неговото старо име.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Таа дозволи цигарата да ѝ се изгаси и сега внимателно слушаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе