докажан (прид.)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во Атеистичкиот музеј се чуваат и документи од истрагата за докажаната вина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ама, бидејќи не е ниеден од нив, сите неуспеси на освојувачки план ги припишува на магиите фрлени од онаа, бившата негова („гарант ме врзала кај некој оџа“), па си бара помош и заштита кај еминентни и докажани, како оној што оди на Нова или ОБН... Милан Велики.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гоце не можеше да изложи на сета десетина илјади души, кога ја анулираше смртната пресуда дури и на докажани турски шпиуни.. .“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Партијата му укажа исклучителна доверба на својот докажан првоборец не заборавајќи ги и неговите стручни квалитети.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Автентично: Легитимно за прифакање поради докажани факти или искуства, поуздано,сигурно, може да му се верува.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Беше докажан пријател на Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)