докторски прид.

докторски (прид.)

Таа ја објави својата докторска дисертација за филозофијата на меѓународното право.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кој сум јас за оваа машинерија за создавање непријатели, за да се осмелам го „рехабилитирам најголемиот албански непријател во историјата”, дури да го бранам неговото дело во докторска дисертација?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно истиот Томов глас од докторската соба допре до нејзините уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот вчудоневиден дека баш на врв свет мртвото е живо како животинките во цртаните филмови: знае дека во сите докторски книги пишува дека луѓето во чија крв има помалку од 6 единици концентрација на кислород веќе кинисале на оној свет ама од врв свет се слегува прудолу, спокојно и со уморна насмевка, се слегува директно во светот на чудата само со 2,8 до 3,2 единици кислород во крвта.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Макар што содржината на оваа дисертација десет години по нејзината одбрана во Париз, во неговата родна земја може лесно да го чини глава, според тајните домашни универзитетски рецензенти жедни за брза кариера и подготвени да му го заземат местото на можеби единствениот докторанд, во докторскиот труд на Климент Камилски вриело од „прозападните декадентни идеи во воспитувањето“ кои не биле во согласност со социјалистичкото воспитување на детето и доминирале просоветските идеи во времето на Информбирото во неговата земја!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Баш сега, кога во белината на првиот снег те видов во џиш црвено, а под црвеното угул голо на радио некој најде да го пушти Реј Чарлс кој лелекаше нешто за ослободувањето на срцето а мене како удар во гонг ме тресна ехото на докторската наредба за оваа прилика специјално обоена во џиш црвено: „Марш таму на мижење!“
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Никогаш од душата не можеше да ги избрише страниците на Октомвриската револуција, кои останаа запишани во заклучокот на неговата сорбонска докторска дисертација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Андре Мазон ќе појде во Јасна Полјана за да се сретне со Лав Толстој за да проникне што подлабоко во рускиот роман работејќи врз докторската дисертација за рускиот романсиер Иван Гончаров.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев наивен кога работев и ја одбранив докторската дисертација кога поверував дека дијалектичко- материјалистичкиот, односно марксистичкиот приод што го имав на париската Сорбона, во демократската и толерантна Франција, ќе претставува вистинска замка во мојата земја во времето на расчистувањето на сталинизмот кога страдаше сѐ живо и диво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Госпоѓа Мариела веќе две години волонтираше во Друштвото „Осамени срца”, работејќи на докторската теза „Ресоцијализација на осамениот човек во наши услови”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Татковиот пријател, професорот Харалампие Поленаковиќ, ќе му ја даде на увид на Татко својата докторска дисертација на тема Турскиот елемент во ароманските говори во Македонија, одбранета во Загреб во 1938, под менторство на професорот Петар Скок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
18 На ѕидовите од собичката висеше врамено писмо од Samuel Beckett во коешто младиот Beckett ѝ се заблагодарува на Gail што го избрала за тема на својата докторска дисертација. Gail ретко беше дома, па времето повеќе сакав да го минувам во кујната одошто во собичката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Витгенштајн го поднесува Трактатот како докторска теза 1929 година. Членови на испитната комисија биле Расел и Мур, а Муровиот извештај бил: „Моето мислење е дека тезата на господинот Витгенштајн е дело на гениј; но, како и да е, таа во секој случај ги надминува потребните стандарди за степенот доктор по философија на Кембриџ”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тој момент во докторската приемна соба се појави млад лекар со резултат од ехо прегледот, чија слика веќе беше ставена во книшката на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислев дека на среќата ѝ нема крај и замислував колку почесни докторски титули го чекаат во иднина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
За Иван Точко и за неговото творештво одбранета е докторска дисертација од Александар - Цане Здравковски на 25 декември 1980 год. на Филолошкиот факултет во Скопје, а синтетизираната верзија од таа дисертација, монографијата „Иван Точко“ ја објави Книгоиздателството „Македонска книга“ во Скопје во 1984 год.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Климент Камилски, уште како студент и докторанд на Сорбона, располагаше со главните дела на Андре Мазон и во College de France им се восхитуваше на неговите предавања за руските класици Иван Гончаров (за кого своевремено одбрани докторска дисертација на Сорбона) за Иван Тургенев, од Пушкин и Шевченко до Достоевски и Толстој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја бараше собата број 17, во која престојувал пред војната, во времето кога ја бранел својата докторска дисертација на Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе