должност ж.

должност (ж.)

Ги исполнува биолошките и духовните должности кон природата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој, понатаму, може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг; д) положбата на синдикалниот претставник значително беше влошена со замената на децидната одредба од ЗРО (1993), според која тој имаше право на посебна законска заштита од отказ и од други шиканирања за време на својот мандат (чл. 83, ЗРО/93), со одредбата според која на синдикалниот претставник, за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување ако за тоа добие претходна согласност на синдикатот!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се чини дека нашата должност е во моментот борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде дури беспредметна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Има нешто неизмерно големо и важно во неговиот живот, една човечка должност што го заслепува со својот сјај, да се урне нешто сосем подло и гадно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се воздржувал од сѐ и бил непушач, немал друга забава освен еден час дневно во вежбалницата, и бил заколнат на целибат, верувајќи дека бракот и грижата за семејството се неспоиви со дваесет и четири часовната посветеност на должноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога е тоа потребно и самиот суд може по службена должност да ги прибави потребните податоци и известувања за имотната состојба на странката која бара ослободување, а може за тоа да ја сослуша и противната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како виден граѓанин на град Куманово беше избран во 1916 година за претседател на кумановска општина, на која должност остана повеќе од една година, а по тоа време даде оставка и се пресели во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Времето должноста си ја врши.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш Дејвис истакнал дека „нашата прва, единствена и главна должност е да ги победиме Хитлер и неговите сојузници, а сите други работи мора да бидат потиснати за остварување на таа цел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од денес натаму, о, Кавафис, престануваат да значат што и да е лажните сознанија за некаква си света должност кон татковината а без себеси, зашто вистина е дека на животот му подаривме само нешто свое а на смртта - сѐ! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но сега, во мирната улица, тивко совладувана од квечерината, во немото присуство на човекот што ја носи неблагодарната должност на царски војник, ќе стане необично, лудечко и грозно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оттука, независно од комбинациите на субјективните и објективните причини, Бојсовите родители не ја исполнија својата прва должност како родители кон своето дете: кај него да создадат чувство на сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Која е мојата должност на овој свет. Дознав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Не знам, дали стасавме на време да му се обратиме на бога, вели поп Танаско, дали го фативме последниот час за молитва, за милост, ама наша света должност е да се молиме и да се молиме. 135
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повеќе