домаќинка (ж.)
Настинатите го мешаат медот во чајчето Возрасните го мешаат шеќерот во кафето Домаќинките со миксерот подготвуваат колач Секретарките ја мешаат работата со задоволството
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Потоа ќе влезеше дома и долго на балконот Го полеваше цвеќето, ги забришуваше неговите листенца И на крајот ќе седнеше да испие кафе со младата домаќинка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Домаќинките не одат по комшии, си ја чуваат куќата своја и си ги гледат своите работи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Снешкото на балконот почнува да го губи достоинството, па домаќинката решава да му ги скрати маките: со еден замав на метлата го обезглавува и го исфрла на улица како партал.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Секој курајбер во животот сајбер јак зад компјутер во живо шалабајзер згодни на слики со фотошоп слој во град да ги сретнеш грди ко ној Брат со брат лафат на чат на интернет сите животи арчат забораваат домаќинки и ручек да прават на трачарска мрежа ломотат, гњават
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Кога се доселивме во новоизградената станбена барака, ми се чинеше дека одеднаш бев пораснала и во оваа куќа треба да преземам улога на домаќинка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Неколкуте признати домаќинки кои ги малтретираат килимите.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Оти песната е талкач Верен придружник и соговорник од патеките на умот Ака по беспатици а штом ќе пристигне дома Прошетува по одајата со погледот на домакинката тргната да го крене пердето за да помуабети со Ѕвездите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Потоа ја запече малку сланината, ги нафрла во тукот колбасите и, да се покаже пред новата јатрва салам домаќинка, стана, извади од вратките на ноќвите едно грне полно со јајца и удри да крши врз колбасите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Поп Васил подигна глава и, давејќи го липтежот в грло, скршено рече: - Ете, ние, ноќе, твојата домаќинка, брате, ја испраќаме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вака беше третиран како обичен инкасатор кој дошол да го види водомерот и да наплати вода, а притоа го затекнал домаќинот и домаќинката, онака разгаќени, неподготвени за неочекуваниот посетител.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За месење и готвење беше цела домаќинка, бидејќи беше осумнаесет години момок на манастирот, та кога не одеше по селата да проси, тој му помагаше на маѓерот во домаќинлакот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ние бевме веќе израснати и не ни требаше многу таа жена, но сепак таа си беше вредна како домаќинка и беше многу културна жена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нека оди мајка му, таа е домаќинка а не тој!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ја очекував домаќинката да излезе од тесната врата и да ми се развика, потоа да отшантрачи кај моите дома и да им бара пари за прозорецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)