допира несв.
допре св.

допира (несв.)

Песните се носеа по реката, допираа до градот, до плоштадот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Види... на чардакот, ова се неговите чорапи, се сеќавам, кога ме допираше..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И започнуваше една убава, необична игра. Детето галопираше со коњот, држејќи се за линијата на која морето се допира со копното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од длабочината на катедралата од позади големите оргули допирааа допираа волешебните звуци и се разлеваа низ целата катедрала.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Часови по безгрижност Помисли колку бесмислено станува мислењето за зборовите кои ти го допираат грбот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бранчиња светлина ги допираа рабовите на мојата облека и стануваа фосфоресцентни зраци.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ретките состојки на зборот Нѐ допираат во животот И ние ги изговараме.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Надолу допира до море со голем пристаништен град со двајца светци што лебдат горе на небото а нагоре местото цело како од бишки изриено.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сѐ се случуваше внатре во стаклен тег за хартија, но површината на стаклото беше куполата на небото, а во куполата сѐ беше облеано од јасна мека светлина низ која погледот допираше до бескрајни далечини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Студеникавиот попладневен дожд дојде низ падината, допирајќи ги пченките во обработените ниви на ридот и барабанејќи по покривот од сува трева.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гроздовата ракија со која се наздравува ја допирам со усните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така на пример супстанцата во која е содржана суштината на човековиот дух се наоѓа во еден столб што допира до темето, горе, се спушта по 'рбетот надолу и кај коренот на гениталиите свртува нагоре до стомакот некаде зад папокот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од кај планините без престан допираа долги митралески рафали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние црвените љубовџии го допираме времето кое не заминува.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Фикусот допираше со длабокото корење до одамна закопаните статуи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе