допирлив прид.

допирлив (прид.)

Сивото небо вон прозорецот беше близу, беше допирливо со рака. Раздразнуваше. Го копаше видот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овде го чекаа други грижи, реални, допирливи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога татковиот глас се губеше во тишината, тишината понекогаш како придружно исо, како во вистинска тоскиска полифонична песна, неочекувано како повикан глас од судбината, кој можело да биде друг си мислел тој, го втасуваше друг глас, корнејќи го од тишината, познат глас, од гнездото на семејната топлина, јасен глас, чиниш допирлив.
„Граница“ од Луан Старова