доплива св.

доплива (св.)

Морскиот лав во Зоолошката градина, кој паднат во некоја депресија одбивал и да јаде, кога се појавив и се подадов кон него, доплива кај мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Штотуку гуската, со тешка мака, ги стигна своите полнолетни деца, кога однекаде доплива еден чуден гувчешки сват.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Неповикано, едно сеќавање доплива во неговиот ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Келнерот доплива од мракот и застана до нив. „Чекајте“, им рече суво.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лицето на Големиот Брат доплива во неговиот ум, истиснувајќи го она на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да доплива до него за да го одржиме нашиот интимен душевен ритуал.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)