допрва прил.

допрва (прил.)

„Ете“, рече Филозофот. „Книгата сега допрва е вистински отворена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И косата му се наежи од тоа што допрва ќе треба да го види.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Крај на животот кој всушност чекаше допрва да започне.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И без престан благиот шум на борјето над нив да шумоли ко пеење и паметење и вечен запис врз стеблата и каменот под кој лежат ветените за кои сал дабот, чамот, кленот, карпата, ридот, парчето ’рѓосано железо и штикот скршен ќе раскажува во времињата што допрва ќе дојдат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А оние сега како допрва да ги откриваат ѕидовите и нивната волшебна моќ да ги одделат од изгубеноста и им требаше доста време за да се изнајдат сосема и да почнат да ги бришат своите пушки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој требаше допрва на себе да сети дека вистинската љубов гони кон дело, и лага е дека е вистинска онаа љубов што ќе остане за сите скриена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таа е зависна и независна, се „објективизира“ во природата и општеството, по степените од дадените и допрва создаваните појави на природата и општеството, во нивните најразлични, најмногубројни и сѐ повеќе растежни страни и форми.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Збунет е и се чини дека допрва прогледа и согледа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред мене непозната улица по која допрфва ќе чекорам, Париз кој ме провоцира да го откривам и запозанавам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но дури и до приватната доцентура морал доста да чека, и допрва во 1801, кога имал над триесет години, по препорака од својот пријател, тогаш веќе познатиот филозоф Шелинг, станал приватен доцент на универзитетот во Јена.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Градот допрва се буди. Камиони – цистерни ги мијат улиците и кејот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дали е тоа игра на случајот или игра што воопшто не е случајна, за која јас и Ема најверојатно не сме доволно свесни, игра во која, можеби, допрва ќе се сплеткуваме? Кој стои зад сево ова?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бевме повикани откако Стефан Лествичник, кој во очите на логотетот, по она лажно видение допрва требаше да се искачува по скалилата на славата и почеста, му беше раскажал на управникот дека отец Кирил фрла хула бесчесна врз зборовите и се свртува кон гласовите како кон идоли.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе