досегашен (прид.)
Автоматизацијата и механизацијата на најважните процеси во оранжериите овозможуваат да се зголеми близу двапати продуктивноста на трудот во однос на досегашните норми.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Неколку зборови за македонскиот литературен јазик Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Оваа книга е обид да се направи нацрт на полето што го опфаќа оваа дисциплина, да се покажат резултатите од досегашната работа и да се укажат правците во кои би требало да се вршат понатамошните истражувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Идеите за полно отцепување на нашиот народ од другите балкански народи не се противречје на досегашното работење на нашиот народ за слобода, а само продолжение на неговото досегашно работење, врз еволуциона почва.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дали е тоа ѕидот од сите досегашни самици?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие се сите резултати од досегашното наше самосознавање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Денеска е последниот ден од мојот досегашен живот. Денеска имам неполни дваесет и една година.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тие предлагаа да остане досегашната одредба, односно во ноќна смена работникот да работи најмногу една недела во месецот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Откако ми блесна оваа мисла додека ѝ честитав на Деспина чинам сиот досегашен товар како да падна од мене!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во досегашната историска литература: монографии, зборници на документи, архивски публикации, мемоарска литература и во разни прилози во весници и списанија, објавени во Македонија можат да се најдат скудни податоци за ова прашање и тоа пред сѐ врз база на постојната литература и скудната архивска документација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Естетика - да, етика - не“, како да вели Гринавеј, длабоко свесен дека токму игнорирањето на досегашниот, „христијански“, етички концепт (полн со лицемерие, одминати вредности, петрифицираност) може да значи барем назнака за еден друг, посоодветен на ова време на дезориентираност, па и ако го наречеме „естетика“, тој нов концепт, таа нова вера.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Навистина се трудам да го прикажам како вистинито она тврдење дека животот ги казнува брзите кучки слепи да раѓаат. (Но како да ги ускладам овие потврдени искуства со досегашните мои сознанија дека животот постојано ме испреварува а јас никако да го престигнам?) Роза ме чекаше во најзатскриеното ќуше на кафеаната.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ги свитка слушалките, ги стави во чантата и продолжи: „Досегашново негово противставување на болеста може да се спореди со онаа билка што израснува меѓу шини и која постојано живее во страв од возовите што татнат над неа и од ветрот плашејќи се да не ја прекршат или откорнат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
• На што можете да ми укажете во вашиот досегашен живот што би можело да ми даде барем некаква индикација дека за вас постоела и таква можност?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кај повеќето од нив не заздравуваа раните и покрај досегашното лекување.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И отец Пелазгиј, Асикрит мој и царски, одговорен за библиотеката, учен многу, кому деновите на животот досегашен му се двојно помалку на број од словата прочитани.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)