досетливост (ж.)
Го избраа за гласник токму поради досетливоста и ладнокрвноста.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснуваќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Досетливоста е посебно на цена кај шефот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Неговата фасцинација од визуелната досетливост и богатство на духот кај децата, е поврзана со неговиот необичен личен однос кон сопствените спомени и импулси од детството кои што останатите возрасни така сигурно и претпазливо ги закопале вон досегот на свесноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Си се насмеав на досетливоста и, среќен се вратив назад. Така сторив десетина пати.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)