достатен прид.

достатен (прид.)

За мене е достатно кога организацијата ќе рече за некого дека е предавник.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
61. Авторот има предвид една јасна и достатно разработена национална програма на македонското движење во минатото, зашто тој самиот на друго место наведува некои многу важни пројави на македонската национална мисла кај претходниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби имаше достатно сигнали во татковата библиотека да не патувам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште не беше утро. но беше лето и во муграта имаше достатно светлина за да знам дека не сонувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ливадата на ова сосем голо теме од моето присуство облик ќе си земе достатен за сите чудесни каприци што висат со набој на две овчји цицки во оваа прва архетипска штама прецизно се слушам како блеам сама се одбивам и пуштам во чисто звучни пруги моето ткиво да пропадне во флуид ливадата ин виво бесконечно ја рудам ме нема, ме нема не знам како пеам и зошто се трудам Знам, моја силуета но друга овца шета со оваа шепа.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Во типологијата на писмото, алфабетот го зазема највисокото место затоа што претставува најекономичен систем во поглед на количеството на знаци, неопходни и достатни за потполно бележење на говорот и за пренос на информацијата на растојание.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се туткаа потоа со човекот што го тераше во долга просторија, без достатна виделина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој свет не ми е достатен за да престанам да сакам љубов моја: само за него ми треба повеќе од еден живот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си имаш ли светлина достатно е сал негде да огрееш за да се види "кај се раѓа лебот"...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Никој не можеше да сфати од каде добиваме достатно пари за да ги полниме стомаците со храна, дури ни старите луѓе од фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На тој личен континент, во белезици невидени маглени спрегови, затворен и сепак достатно облеван со југовна топлина, човекот е со онаков облик како што најмногу сакал да го има се бранува низ движења над бели коленици, над сунѓерести габи и над притаени крвариги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се гледа дека не му е достатна дотогашната љубовна игра и сака да ја продолжи.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сам ќе ти каже колку му е достатно стоење во солилото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Местото околу куќата е широко и достатно за секакви комбинации.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Браќата не се собуваат и загазуваат во водата свечени и возбудени. На Отец Симеон тоа му е достатно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Процесот на создавањето на системот на писмо не треба да се претставува како резултат на колективно творештво, т.е. на начин, како некое лице во определен временски период создава определено количество на знаци, кон кои некое друго лице додава наредно количество на знаци итн., сѐ додека не настане графички систем, достатен за изразување на фонетските единици на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она што ќе дојде не им е достатно на современиците: Себичноста, тој коров на душата, не сотира нас денешниве луѓе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе