дотече (св.)
И зошто да кријам, бев среќна дека барем неговиот сон ми верува штом ја отчепил стерната за да дотече вистината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ми дотече силен Вардар Ја понесе невестата...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Стерна ќе сум вечна. Ако повтор дотечам Песна ќе су бесконечна.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Низ полето кога помина Водолеа дотече една тиха река И многу дечиња крај брег си играа, Низ полето кога помина Водолеа Три дена сонце јасно угреа И в тихо соне земјата спиеше.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
За првпат тие видоа воз. Кога се зададе локомотивата одоздола, Митра се прицна до Толета, бидејќи ѝ се стори дека река дотечува и ќе ја однесе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се разбира, не му реков дека за мене и не е битно ваквите податоци колку држат вода, и дека неговите информации стануваат интересни само во случаевите кога ќе дотечат од повеќе извори, или кога ќе откријам дека во таквите приказни е содржан и некој туѓ интерес или настан спротивен на нашите интереси.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ќе дотечеше едната, притискав на ѕвоното да дојде сестра и да ти приклучи нова инфузија.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Реката дотечува и им ги прекинува игрите. Реката ги пресечува нивните разговори.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Се истури небото, запиште, зачрчори врелината на земјата, се кренаа магли, дотекоа доловите, повлекоа коџа народ далгите, прудолу кон Калимерово.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Високо - го снема пурпурот на заодот и во последните издишки на примракот, дотече мракот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)