дотраен (прид.)
Рече исто така дека нема да се бави со изгледот ниту со дотрајаноста на листовите од забелешките на спомнатиот монах.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Парчиња од дотраените ќунци висеа на неколку места под стреата така што од водата што кога врнеше се излеваше по фасадата малтерот беше испопаѓан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тесните улички со дотраени и руинирани куќарки, со мандала, со порти, со тремови и чардаци, улици со турски калдрми, тоа е оној дел од Солун кој се извишуваше амфитеатрално.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во нивните очи најмногу има страв, малку се движат, не се оддалечуваат од бараката, повеќе си лежат на сламениците и „болката“ ги фаќа најчесто кога доаѓа некој од „началството“ како што ги викаат неколкуте чисто униформирани мажи кои постојано се возат со еден дотраен џип од болница до болница, од логор до логор, каде што се собрани бегалците, од град до град, каде што се сместени децата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дотраеноста на куќата како да му ја зголеми измореноста: точи во него млако, беспомошно сознание за една видлива, опиплива и убиствено присутна непостојаност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Којзнае можеби еден ден станувајќи рано в зори ќе бидеш сведок на некој неверојатен настан кој решил да се случи за токму тебе да те направи славен а ти суетен поет кој дотогаш само за природа си пеел и мислел дека си главен неверуваќи им на своите очи ги затвориш кепенците од куќните одамна дотраени прозори и нишајќи со главата во негодување на она што пред тебе животот го точи длабоко ќе воздивнеш велејќи: – одамна заминаа моите возови 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
И тврдините, црквите, манастирите и старите - дотраени куќи наоколу, обвиени и оживеани од бројните приказни и легенди за едно бурно минато, секој час раскриваа пред неговите очи нови облици - сѐ побогати и почудесни...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)