дотури св.

дотури (св.)

Владата со огромни напори ни дотура храна и вода. Секој ден е прашање на живот и смрт.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Турците му дотураа по некоја чинија грав или рибја чорба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На некој начин, си помисли додека си дотураше нова чаша со виски, длабоко го сожалуваше премиерот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Холанд, на пример, се интересира за начинот на кој една група на независни компании успеваат, на некој начин, да дотураат храна за седум милиони луѓе во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некој си дотури во чорбата солца, некој оцет, а Живко ракиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дотураш вода, сол и камен храна, хронос. Време, божја реч, теорема.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Молк. Дотури шеќер во чашата и откако го измеша, со лажичката почна да удира по десната нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)