доцен (прид.)

Доцна ми стануваше јасно во животот дека револуцијата, покај примамливата дијалектичка патетика која те привлекува во младоста, во доцните години на животот принудува да се соочуваш со нејзината метафизичка завршница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доцната модерност доведе до пропаст на јавната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Една доцна вечер слушам свирење со уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ваквиот релативно доцен настанок на системот на изразување на бројни вредности во грчкиот систем на писмо се покажува низ фактот на губење на грчкиот еквивалент за старосемитското садхе, кое во грчкиот систем на писмо е внесено на 27 место со бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дневникот ретко го раскрилуваше во доцните часови на ноќта, ама една тетратка постојано имаше под мишка било каде да тргнеше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лимоните повторно цветаа во доцната есен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зад доцните педесетти години сѐ бледнееше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Активната е помалку застапена и се состои од спорадично и доумерено играње баскет и фудбал во доцните вечерни саати.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во доцните седумдесети човеков се запишал на скопскиот електротехнички факултет.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој не беше типичен само за контрареволуционерното католичко мислење по Француската револуција, туку настанал уште во доцното хеленистичко раздобје како реакција на класичниот грчки рационализам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеше да види една руса глава, високо потстрижена коса натерана нагоре, лице долгнавесто и сега, доцната пролет, малку подгорено од сонцето, очи сиви и благо воспалени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Милувај, кажувај откорната штицо во моите уши шкрипни збор од стисок зад доцната есен клун твоето лице со тврда гримаса на одметнат врисок и блиску, сосем блиску во паднати лисја и стивнати птици од предзимска мисла се тркала бисер од поплака тивка стара колку слухот со воздушни уши кон ветерот со око што од себе се суши ќе одминам во ехо на чекор од чизма ти далечна, крцкава стрпи се и слушни од жлеб, клинец и чекан чука мојот призрак. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И таа, во доцните часови, додека беше трезвена и будна, мораше од софата да го следи тоа нивно лудување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Среде отворените книги, мапи, цртежи на јагулите, беше ставена мајчината вазна со Игоровото цвеќе што растеше крај Езерото, со свежа миризма и покрај доцната есен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Летно време тревата најбргу узреваше и венеше токму во таа валта, но затоа пак пролетта првото планинско цвеќе го садеше тука, а и доцните есенски цветови последни догоруваа на ова место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ново утро. Убавино кај си, во овој доцен час.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе