доцна (прил.)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Размислете, другари, сѐ уште не е доцна.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мајка ми не можеше да разбере зошто татко ми и во оваа земја, во која семејството пушташе корени, и требаше да живее и со другите луѓе, останува до доцна во ноќта со своите книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оттука е јасно оти Бугарите ја голтнаа пилулата и доцна е да си ја исправат грешката.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Големиот бран си побара заклон во песокта на времето а на ресторанската тераса доцна се сфаќа една од многу пиво се добиваат изгореници.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Доцна ми стануваше јасно во животот дека револуцијата, покај примамливата дијалектичка патетика која те привлекува во младоста, во доцните години на животот принудува да се соочуваш со нејзината метафизичка завршница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И отишол водејќи го ждребето на улар и не вртејќи се да види со каква мака бегот ја задржува кобилата на работ на својот овоштарник со доцна процутени јаболкници.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ручекот заврши дури доцна попладне, кога првото свежо планинско ветре се извлече од сенчестите кории и се разлеа по ливадите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеше да се случи, доцна во ноќта, при силен дожд, невреме, категорично да побара да си оди дома.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Доцна околу ручек тие наближија до првите бригади.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Би сакала да речам, белким ќе сфатиш, но веќе не можам да го речам тоа. Доцна е.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа, дека истото важело и за сијалиците кои јас не сум ги гасела, како што до премногу доцна не сум ја гасела и сијалицата во собата каде што спиев.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вечерта, доцна, кога на запад веќе беше папсана црвената светлина и јас полека се смирував, на листот хартија, во одвај започнатата повест, го напишав токму тоа: „Тивок, жежок ветер ги носи огновите кон нас и фрла жарје и паулици сред сувите треви...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Доцна попладне отидоа на Плоштадот Македонија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)