доцни (несв.)

Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А потоа и онаа помисла: ако навистина сметам дека доброволно дозволувам да ме води животот, од каде тогаш чувството дека доцнам иако втасувам речиси на време на автобуската постојка?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сфати ме, немав време да дојдам порано – барајќи ѝ го погледот за да се оправда за сето негово доцнење.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не доцнеа инструкциите од републичките и федералните центри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мигот со тебе И повторно талкам во овие доцни часови до твојот ум, и никако да сфатам дека и да стигнам таму, ти пак ќе ме болиш...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Како резултат на доцнењето на платите, работниците од повеќето погони се собираа и мирно штрајкуваа на своите работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Раѓањето на денот доцни за мене.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се гледа дека е налутен, а на лутината му доцнат зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поради доцнењето, не го положил испитот и не го завршил факултетот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И додека повторуваше Доцнам, доцнам, а ти ме зазборуваш ја отвори вратата и отрча по скалите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Контролорите, гледајќи ја забрзаната жена со мало дете во прегратката, помислија дека таа доцни на авионот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Саат вадам од рака зашто вредам, па ќе ме чека колку е нужно, а јас, јас и така доцнам триесет години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Џипови не сопираат Во времето кога почнаа првите доцни излегувања ми ѕвонеше на телефон десеттина минути пред да излезе од кафуле, а јас тргнував со кола да ја земам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
САНЕ: А можеш малку да ја кренеш таа палка, мајсторе, веќе доцниме...
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Татко не доцнеше на закажаната утринска средба, носејќи ја старата цариградска чанта, со која го мина работниот век во судовите, а подоцна и во Архивот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но прошетката ќе ги освежи, ќе запалат по една цигара, а сообраќајката е добро оправдување за евентуалното доцнење - рационално си ја сумираа ситуацијата, без поим во што се впуштаат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше речиси седум часот. Тој сигурно ќе излезе од куќата за десетина минути и таа се плаши дека тој сѐ ќе откаже поради нејзиното доцнење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој беше толку деконцентриран поради доцнењето на Марија, што не можеше да се сосредоточи дури ни на наједноставните трикови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му доцнам на големото, нервозно е, а јас мотам низ главата, како изгледа невработена со мобилен, па глумам глува и го муабетам пријателов, оти ми спомнува казна за на лице место, па како тој е всушност разбран, па како, не дај Боже, колегата од колата да излезе, двојно ќе ме кошта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе