дочува (св.)
Границата толку брзо се менуваше што граничарите не стигнуваа да ја дочуваат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Татко уште еднаш како вистински балкански Дон Кихот, чијашто конечна битка никој не ја разбира, ги дочува сталинистичките книги, кога во земјата никому не му пречеа и беа препуштени на заборав, а во земјата на корените продолжуваше нивниот култ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Божји избраници и заштитени со неговиот знак, или можеби, овоземни суштества, лукави политичари храбри мажи, кои, приклонувајќи се кон различните завојувачи и борејќи се прикриено против сите нив успеале да си ја дочуваат својата наслеба и својата самобитност?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сега се тие со Чанга, само тој може да ги чува, да ги дочува, да ги спаси од смртта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се исправив пред големата икона на Богородица, запалив свеќа и откако трипати се прекрстив со вковани очи во нејзините очи и шепотам: - Богородице живите не си ги дочувала, барем сега чувај ги нивните души...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ех, треба да умееш! - рече Гоце. - Селската облека ме дочува, а пак велигденските јајца ми беа пропусница.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)