дошепнува несв.
дошепнувач м.

дошепнува (несв.)

Човекот во сив костим и бела кошула, оној кој и во мое присуство прилично долго се дошепнуваше со Вртанов, најпосле ја собра папката од бирото, му се заблагодари за услужноста и помошта, а потоа, поминувајќи покрај моите нозе качени на бирото, го задржа за момент својот студен и безизразен поглед на мојата дребнавост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бранчето на левото рамо уште ми дошепнува дека сака вардење од змијолики насмевки и од врели бакнежи за среќен роденден.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И додека некои од селаните гледајќи ѝ го мевот, се потсмевнуваа и си дошепнуваа, дедо му на Богдан, татко му, мајка му, се радуваа што невестата им доаѓа дома проверена и со сигурност ќе им ја зарадува куќата и ќе им ја продолжи лозата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
XIV Денеска сокаците селски пак чуден изглед добија: луѓето се возбудија, растрчаа, дошепнуваа ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веројатно некои од присутните си дошепнуваат: „Остави го, неприпитомено дивјаче“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Баш сега, додека стопанот го затвора прозорецот, црешовиот цвет дошепнува дека човек кога е мртов станува омилен.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)