драматургија (ж.)
Не знам колку време ни треба да сфатиме дека треба да се спроведуваат казнени мерки, санкции против сите што се однесуваат како вагабонти, да не кажам, како леванти со македонската драматургија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Му ветив дека насобраниот народ ќе вика Тито-Лазо, и тој сиот радосен се согласи да подготви драматургија за овој, би рекол најзначаен настан во повоената македонска историја.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
За неговата појава во светската драматургија теоретичарите ќе напишат: „... Ги руши сите норми на класичниот театар, отфрлајќи ги потребите од логика во дејствието, во психологијата и јазикот на ликовите“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Набоков веќе не се враќа кон драматургијата, кон театарот, откако ги открил за себе новите можности во монологот пред читателите кои зборувале на англиски.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Да знаев дека таквите нешта многу лесно поминуваат, всушност, имаат висока цена кај режисерите, актерите, директорите на театрите, кај некои театарски едукатори, доктори на наука, составувачи на антологии многу одамна ќе замолчев како драматург, како човек што пишува, всушност, ќе сфатев дека кај нас во македонската драматургија и театар, навистина има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)