дрангулија (ж.)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Имаше толку многу дрангулии, а ниедна не беше вишок.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ги гледаше како одат по сокаците изнабесени на нив со: кошници, сита, вретена, фртоми, синџири, потковки, ендезиња, брдила, кросна, кации, пирустии, сорови, ченгели, резиња, дрмуни, оглави, гребла, ѕвонци и други дрангулии и викаа умот да ти го извадат; навечер палеа огнови крај езерото кои одблеснуваа во водата како да ја потпалуваат; седеа околу нив со раширени нозе да се топлат;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Насекаде е мешаница и врева: меѓу борците се провлекуваат жени и им подаваат секакви дрангулии: леб, чорапи, опинци, јаболка, цвеќиња ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А Марин Крусиќ, вистински заинтересиран за одолговлечување на работите, постојано додаваше нови идеи за дрангулии, надгледувајќи си ги во исто време со задоволство своите лозја и вина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Најпрвин треба да ви објаснам дека тој има посебна слабост за секакви технички дрангулии, и во тоа време беше луд по грамофони.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Толе сака и Митра како турските посестрими да е наружана на Велигден, та не заборави да купи скопец, скопци, синџири и други дрангулии.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шамијата на главата порабена со алтанчиња, и другата околу појасот, со други дрангулии што ѕвечкаа, му ги заплеткаа мислите на синот на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)