дребен (прид.)
Шушка коприната
на незаборавот
глода свеста
гризе совеста
јаде жолчката
копнее желбата
се топи, се впива
во лебецот на јазикот
а јазикот е совршен акробат
во несовршениот циркус
на историјата
чијашто кожа е дребна
бродерија
скапоцен марифет
народот е и врач, и враг
Боже благи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Е тие, мали, ситни, дребни заморчиња на природата (иако не беа вистински заморчиња, туку јас така гледав на нив) еднаш се обидоа да излезат од својот фантастичен свет и да ги прошират своите живеалишта и на другата страна од автопатот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не, мила моја. Јас само чекам времињава да се смират, ќе појдам во Америка и не ќе сакам веќе да знам ниту за Луков, ниту за сета оваа врескотница што ја крчмиме на дребно како борба за Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Седнах, моми, окол' баба пред црковни врати, па сја пуљам и сја чудам зашт' е жаловита и што барат в таква доба т'мна и вечерна, кога људи сја собират дома си сос чељад; кога људи си оставјат дневни си печалби и сбирајат окол' себе дребни, мили рожби, па с них они сја печаљат да сја развесељат, да забравјат дни си чрни, маки, таги, глоби...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Некој навидум безначаен и дребен настан, кој сепак е услов без којшто нема пристап до љубовната напивка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вокалите се обидуваат да воведат некаков (којзнае каков и кому ли потребен) ред во творечката анархија на една агонија во која времињата заемно се ништат да би да ослободат повеќе место за обичното, дребно постоење.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Само некои, дребните, останале сокриени меѓу лисјата, и само една голема, која лека полека, во сонот, се престорила во топка крв и се исушила потоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Живеејќи некаде во меѓупростор, меѓувреме Во вечен злостор, во под тешко бреме Незабележан, ситен, дребен Дал во орда, дал во племе Во пејсаж не овоземен...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Но денес! Најпосле, стасавте! Одмаздата ќе биде извршена до последната дребност.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)