дреме (несв.)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Види го ти него, ќе дремел, човекот... да сме живи, па ќе видиме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Црни горо црни сестро и животот црн чмае во место другите девојки фатија спонзор а таа сѐ уште дреме на прозор Се к’ти ноќта и зимата црна студот во коски со кубик дрва да учи во студ, да ѕемне под јорган за упис на факс да продаде орган
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Дедото дремеше, а бебето мавташе со рачињата за да му ги ишка мувите пред носот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Во мене дреме простак кој се клешти на ова разбирање и бескрајно ја исмева интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Автопат темен кон тебе ме води. Луѓе непознати наоколу дремат како ут на ветер.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ранетите дремат, мрморат, стенкаат, хрчат, викаат во бунило, пцујат, реват во тежок и болежлив полусон.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Под твојот кревет дреме пеколот. Експлозивите ќе ги збришат долните страсти и оргиите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Полежа уште малку дремејќи; тогаш од дворот допре вообичаеното пеење со полни гради:
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Занемено, жмиркам, дремам Под мене тепих од ранки рози Мечтаам да видам уште едно сонце Два паралелни универзума во осмози Свет како нашиот, само посовршен И овој пејзаж, питорескен недовршен И овој в тревата на штурците шум И оваа роза со трн да ме боцне Ќе треба За да излезам од сопствената пародија За да излезам од сопствениот ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Јас дремев крај нозете на Ели до утрото. Вера не склопи око.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Две патерици се лизгаат од патот... Децата дремат крај свеќите.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Најголем апсурд е кога на дневен ред се социјалните случаи, а пола од пратениците дремат на социјалната мрежа глумејќи загриженост за социјала.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Жешко е... Котлината дреме во обрачот на околните планини.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Иљо ја пикна тетратката во ранецот, ја турна капата над очи и се прави дека дреме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А срцето не ми дава да си одам. И дремам на врата, слушам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Беше поминат уште еден ден без небо, во кој животот колку што може подлабоко се прибира под својата коруба и таму дреме, згуснувајќи го својот сок во соништата за она време, кога еднаш ќе може да развие.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пругата е откорната, праговите превртени. За шините дремат врзани коњи и магариња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)