држење (ср.)
Субјектното држење и со тоа секое субјективно спознание станаа неиздржливи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Критиката на држењето на Комитетот беше само во домашните кругови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Немав многу тешко за држење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Држење на пролите во континуиран страв од војна и набљудување од Големиот брат, вовлекување подмолно на систем на фашизам од задна врата, оков на нашиот врат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А држењето за раце, рече тој, е многу полошо од која и да било друга причина за развод.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кучињата во него гледаат спасител и му ја откриваат својата мака преку своето држење, гледање, цимолење, завивање.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Збивал, збивал, одвај душата си ја зел од пусти страв што беше превидел од држењето на Велка.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Со целото свое држење јас сакав да ѝ покажам на младата наставничка дека има и добри деца на овој свет и дека затоа не треба да се отчајува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Според држењето би се рекло човекот се штукна од умот, ама според оваа блажена насмевка што одвреме-навреме му се појавува на лицето, јас велам дека е подобро што тоа се случи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но од сето нејзино држење не се гледаше дека нешто губи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И покрај тоа што Темпо ги осудил иредентистичките цели на Македонците како “непријателско држење“ и самиот навестил дека “обединета југословенска, грчка и бугарска Македонија се крајниот природен врв на легитимните аспирации на македонскиот народ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Фројд би имал објаснение за ваквото држење, но не кревам поглед кон неговите дела десно на полицата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Најмногу ме изненади држењето на Горачинов...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По самото негово држење видоа дека знае, но не сака да каже, затоа мудурот му намигна на јузбашијата и му проговори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)