дрма (несв.)
Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Како помлад бев екстремно живчан, а пак денес малце работи можат да ме извадат од такт: не ме дрма ниту светската криза, ниту тоа што сум во долгови, ниту што цркна трансмишнот на мојот "форд", ниту кофимејкерот што експлодира и ни ја полеа цела кујна со ситно мелено колумбиско кафе... ама оваа глупава опаска од такт ме извади!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Стариот остана сам во визбата, на истото место, како нозете да му пропаднаа в земи, суво дрво што го дрма ветер.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Те дрма пубертетот, Бреза, тоа ти е тоа, лутела – нелутела, исто ти се фаќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)