дропка (ж.)
Ако со бурекот си го поделил и срцето на пола, па таа една дропка од органот си му ја подарила засекогаш, а вечноста тогаш траела неколку месеци плус еден дочек на Нова година, што значи до утро, тоа не е за заборавање.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дропките, равенките со икс и ипсилон да ги пресметаме, да ги вкалкулираме во нашата реалност, да ги одредиме координатите за да преживееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Само органот за множење, делење и вадење функционира беспрекорно. Кога би имал именителка, би му дал малку да поработи со дропки.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но остана за чудење во врска со нив, со птиците, тоа што жителите на Потковицата, освен еребиците, дропките, тресопатките, дивите пајки и дивите гуски, другите не ги ловеа и не ги убиваа. Посебно не грабливиците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, не секој во овие бројки, проценти, дропки, и се разбираше, како ни јас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)